По дипломатската "војна" на протерување дипломати помеѓу Грција и Русија Атина сама го смени својот амбасадор во Москва

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 7:25

Грција ќе го смени својот амбасадор во Русија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Господин Фриганас е вратен во Грција. Тој ја заврши својата мисија во Москва и ќе биде заменет со друг дипломат изјави неименуваниот грчки извор.

Односите меѓу Атина и Москва се влошија последниве недели откако Грција минатиот месец реши да протера двајца руски дипломати и на двајца други да им забрани влез во земјата под обвинение дека поттикнувале организирање протести против договорот со Македонија за името.

“Амбасадорот на Грција во Русија Андреас Фриганас е повлечен и ќе биде заменет со друг дипломатски претставник.” – соопшти грчки допломатски извор.

Фриганас беше грчки амбасадор во Русија од мај 2016 година.

Русија ја осуди ваквата постапка на Атина оценувајќи ја како “непријателски акт” и реши како реципрочна мерка да протера двајца грчки дипломати од Москва.

Атина ја критикуваше одлуката на Москва истакнувајќи дека таа е “произволна и осветољубива” но нагласи дека ќе продолжи да работи во интерес на пријателските односи со Русија.

Одлуката на Москва за протерување на двајцата грчки дипломати му беше врачена на амбасадорот Фриганас во понеделникот. Протераните грчки дипломати треба да ја напуштат Русија најдоцна до следниот викенд. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести