Грчките политичари глумат нервоза, уставните амандмани им даваат можност конечно да стигнат до бришење на државата Македонија на Македонскиот народ и Македонскиот јазик

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 14:28

Грчките црвени линии се непризнавање на македонски народ и македонски јазик

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сите грчки влади во изминатите три декади имале јасно позиционирани црвени линии на три теми, непостоење на Македонска држава, негирање во постоењето на Македонскиот народ и Македонскиот јазик.

Со Преспанскиот договор, се регулира негирањето на името на државата, но по уставните амандмани, кои не се по волја на Атина, останува уште еден напор на западните спонзори на актуелната власт во Скопје, да се избришат и народот и јазикот.

Фарсата која ја прокламираат грчките политички партии, секакко има свој дневно политички маркетиншки трик, се со цел Заев да успее да собере 80 пратенички мандати за финалното одобрување на уставните измени, по што Грција ќе побара ревизија на целиот договор и ќе понуди комплексен анекс.

Признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност е национална отстапка што не ја имаше направено ниту една претходна влада. Таму каде што сите рекоа „не“, Ципрас кажа „да“. – изјави Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија за време на неговиот говор на политички настан организиран од Нова демократија во грчкиот град Триполи.

Мицотакис рече дека тие веќе предупредиле за „големите опасности што ги крие потпишувањето на крајно проблематичниот Договор од Преспа“.

Таму, каде што Константинос Мицотакис кажа „не“, таму каде што Костас Караманлис рече „не“, таму каде што Андонис Самарас кажа „не“, господинот Ципрас рече „да“. На овој начин, му дозволи на господинот Заев сега да ни мавта со прстот.

Да ни вели: Која Северна Македонија, ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик и утре ќе бараме овој македонски јазик да се изучува официјално и во нашата татковина. – рече лидерот на Нова демократија.

Мицотакис, уште еднаш повтори дека неговата партија нема да го поддржи договорот.

Фарсата на Мицотакис но и Панос Каменос од Независни Грци е веќе очигледна. Грција со Преспанскиот договор кој би бил имплементиран во Уставот добива се, особено законска можност преку спогодбата и нејзино тросмислено толкување да стигне и до Северна Македонија без Македонски народ и Македонски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести