Слабиот резултат со нова реторика за власта

Објавил: Узунов Бобан | 23 април, 2019 10:06

Дали Заев со партиска метла ќе го мотивира членството пред вториот круг !?

Фото/Текст извор: ©магазин

Пораката е примена. Секако дека ќе има чистки. Секако дека ќе расчистиме со некои луѓе. Видовме дека некаде имаме решенија со луѓе кои немаат доволно капацитет да му служи на нанародот, им вети  на граѓаните премиерот Зоран Заев. 

Дали ваквата реторика на Зоран Заев е за мотивирање на членството поради слабиот резултат на првиот круг и нивна мобилизација за пресудниот втор круг каде ќе се одлучува кој ќе биде следниот претседател на Македонија. 

Најавата на Заев за чистка после изборите е задоцнето свртување на  бродот и тоа го прави на погрешно време и место. пред вториот круг со еден од најслабите резултати на партијата во историјата. Штетата е направена, власта на првиот круг е делегимирана. 

Пазарењата со пратениците, неуспешниот референдум, непотизмот и големиот број на корупциски скандали најмногу се одразија на партиското конто на СДСМ, каде владејачката партија од локалните избори до сеа изгуби околу 100.000 гласови. За да го спречи овој надолен тренд, Зоран Заев во режија со глумецот Драган Спасов-Дац на митинг-претстава во Карпош најави дека ќе има чистка во извршната власт после изборите поради разочараноста на членството.

Но кај премиерот Зоран Заев имаше безброј поводи да заигра партиската метла во владејачкиот двор. Непотизмот на пратениците со вработувањата на свои блиски во државни компании со високи плати, доделувањето на илјадници  евра финансиски средста на фирми на пратеници и министри како што се Хари Локвенец и Кочо Анѓушев, сомнителни милионски тендери во здравството е доволен напластен товар за порано да започнеше чистката. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.