Жена, мајка, професор, борец за владеење на правото.

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 11:14

Дали можете да погодите која храбра жена е на сликава? – ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА во младите години !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Гордана Силјановска Давкова е единствената жена кандидат на овие избори за претседател на Република Македонија.

Силјановска е родена 11 мај 1955 година во Охрид, а пораснала во Скопје. Родителите и се по потекло од Кичево, а како што неодамна сподели фотографија на Фејсбук, горда е на својот дедо кој бил партизан.

Пред да започне претседателската кампања, Силјановска беше на тема за нејзиниот физички изглед и беше „споредувана„ со хрватската претседателка Колинда Грабар Китановиќ.

„Деновиве ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. Ме споредуваат со „лажни„ слики на политичарки. Не дека немам привлечни фотографии во бикини на тие години, ама јас не прифаќам да бидам инспирација за мажите„ Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното, рече Силјановска за коментарите за нејзиниот физички изглед.

Семејството на кандидатката за претседател Гордана Силјановска. Нејзините родители и дедо со гордост ги споделува фотографиите на социјалните мрежи.

Таа нема никаков проблеми како жена кандидат за претседател да споделува приватни фотографии од нејзиното семејство.

Кога била дете нејзина најголема страст биле ролшулите, па Силјановска била и првенка во нивно возење во Скопје.

Со години Гордана е вегетаријанка, а како што можеме да забележиме практикува и јога во секојдневниот живот.

Не крие дека е голем љубител на музика, посебно рокенрол. Во слободно време сака да слуша музика. Со нејзиниот сопруг Благоја е во брак повеќе од 30 години.

Тој е правник, но сега во пензија. Имаат две деца, ќерка Марија и син Павле, кои исто така се правници.

Жена, мајка, професор, борец за владеење на правото.

Гордана Силјановска заедно со нејзиниот сопруг Благоја и нејзините две деца Павле и Марија.

Почетоците на јавната сцена на Силјановска датираат од 1991 година каде таа беше член на Уставната комисија на Собранието, а потоа и од 1992 до 1994 година каде го зазема местото на министер без ресор во првата влада која како премиер ја водеше Бранко Црвенковски.

Силјановска докторирала со почести во 1993 година на Универзитетот во Љубљана. Основач е и на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше и член на Венецијанската комисија за малцински прашања, експерт на ООН за избори од 1998 година до денес, експерт на ОБСЕ за родови прашања, основач е на Европското движење на Македонија, беше претседател на Граѓанското движење во периодот од 2004 до 2006 година, добитник е наградата за развој на владеење на правото на ОБСЕ, добитник е на медал за работа околу родовата еднаковсот на Сојузот на жени на Македонија, беше и претседател на женското лоби од 2002 до 2004 година.

Професорката Силјановска, е една од ретките која во 90-тите години беше исклучена од Бордот на Соросовата фондација во Македонија.
Силјановска беше во центарот на вниманието изминатиот период каде црвсто ги искажуваше ставововите, преку правниот систем против Преспанскиот договор, но и против законот за употреба на јазиците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.