Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што рече Заев, ќе бидат теми на утрешната средба.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 март, 2019 15:40

Дали утре на „прочка„ ќе си простат Заев и Мицкоски? Премиерот откри детали за разговорот

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Дали ,,подадената рака” на премиерот Зоран Заев за лидерска со Христијан Мицскоски е само ,,театар” за јавноста, или лидерот на власта ќе прими некој совет од лидерот на опозицијата?!

Премиерот и на Република Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев откри неколку детали што точно ќе се збори зад вратите во Владата на Република Македонија утре вечер,  заедно со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Тој рече дека ќе почека да види кои ќе бидат барањата и ќе ги соопшти неговите предлози, и сите заедно како политички партии ќе разговараат.

Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што рече Заев, ќе бидат теми на утрешната средба.

Во однос на тоа дали средбата ќе се одржи на православниот празник Прочка вo недела, и дали ќе си простат со лидерот на опозицијата, Заев рече дека е транспарентен во духот на помирувањето. „Во духот на простувањето и помирувањето сум многу транспарентен, на луѓето што држеа пиштол и што викаа немам чиста мета, им простив, затоа што животот треба да тече напред. Ние со Мицкоски немаме ништо лично. Ќе продолжам да негувам позитивен дух„

Премиерот рече дека ќе разговара како премиер и претседател на најголемата политичка партија со шефот на опозицијата на тие главни теми, заради тоа што верува во заедничката одговорност пред историските одлуки што нашата земја треба да ги донесе.

-Ќе почекам утре да видам кои се барањата, ќе ги соопштам и нашите предлози и сите заедно како одговорности на сите политичари и политички партии ќе разговараме. За деталите е прерано и не би ги коментирал, изјави Заев.

На прашањето од новинарите зошто на средбата не учествуваат и лидерите на главните албански партии, Заев нагласи дека за оваа средба нема потреба од формат на повеќе политички партии.

Мене ми е значајно, да разговараме за претстојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште.

Следува ратификацијата, да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, изјави Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.