Да се релаксираат мерките, да видиме како ќе се одвива работата со болеста во популацијата, па тек тогаш може да судиме.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2020 22:31

Даниловски: Пред крајот на мај не треба да има масовни собири и избори!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Драган Даниловски, македонскиот лекар епидемиолог и универзитетски професор кој во периодот од 15 мај 1999 до 15 мај 2001 година бил министер за здравство на Република Македонија вечерва беше гостин во „Отворено студио“ каде што посочи дека потребно е време да се релаксираат мерките, да се види реакцијата по релаксирање на мерките па потоа да се говори за масовни собири како што се и изборите.

-Се ќе зависи од текот на настаните. Да се релаксираат мерките, да видиме како ќе се одвива работата со болеста во популацијата, па тек тогаш може да судиме. Пред крајот на мај мислам дека не можеме да очекуваме некакви показатели во оваа смисла, појасни Даниловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.