Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, јасно им стави до знаење на сите, дека имаат одлични односи со САД, но сепак Русија и Кина се два гласа во Советот за безбесност на ОН

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 15:11

Дачиќ: Би било политичко самоубиство да ги расипеме односите со Русија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека фактот што Србија гради добри односи со САД не значи и дека ќе ги расипе односите со Русија, меѓу другото и поради тоа што Москва има силна позиција во ОН и го спречува влезот на Косово во Светската организација со ставањето вето во Советот за безбедност.

Тој истакна дека српската политика е заснована на сопствените интереси и дека Србија треба да има добри односи со сите светски сили со кои тоа е можно.

Нашиот интерес е да имаме што подобри односи со САД. Меѓутоа политиката понекогаш се одвива во бранови, а ние не дозволуваме брановите да не однесат на другата страна. Ако градиме добри односи со САД, тоа не значи дека ќе ги расипаме односите со Русија. Да ги расипаме односите со Русија би било политичко самоубиство, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Дачиќ се осврна и на говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Косовска Митровица, во делот во кој тој говореше за поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

Несоодветно е да се споредат говорите на претседателот Александар Вучиќ во Косовска Митровица со поранешниот претседател Слободан Милошевиќ на Газиместан, бидејќи сосема е поинаков историскиот контекст во кој се одржуваа овие говори, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Милошевиќ бил првиот кој ги посочил проблемите на Србите во Косово, бидејќи прв ја поддржал САНУ, за разлика од другите официјални лица кои ја критикуваа САНУ поради српскиот национализам.

Состојбата беше поинаква, се уште постоеше Југославија, социјализмот, Студената војна, Србија само што го смени Уставот, тоа беше поинакво време, но Милошевиќ ниту тогаш не кажа дека Србија ќе води некоја војна. Тој ги спомена битките, но не и вооружените додавајќи дека ни тие не се исклучени. Можеме ли ние денес да кажеме дека сите овие битки се исклучени, рече Дачиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.