Во моменти кога на Косово "врие" за поддршката на претседателот Тачи за идејата на размена на територии, Дачиќ со изјава која долева "масло на огнот"

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 11:24

Дачиќ: Се подготвува Дејтон два за Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ оцени дека до решение за „косовскиот јазол“ може да се дојде на меѓународна конференција.

– Предуслов за такво нешто е ставовите на двете страни да се приближат, изјави Дачиќ за Српски телеграф.

Според него, во моментот ставовите на двете страни се значително оддалечени.

Министерот додава дека решение може да биде т.н. Дејтон два, односно решение по модел на разграничување на голема меѓународна конференција што би требало да се одржи пред мај 2019 година кога истекува мандатот на Европската комисија.

Шефот на српската дипломатија нагласува дека разграничувањето со Албанците е само прашање на граници, кое во случај на нов Дејтон би се нашло на дневен ред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.