И во двата случаи Јавното обвинителство побарало обдукција и отворило предмет

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 14:40

Двајца починати од непознати причини за 24 часа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И во двата случаи на смрт од непознати причини по наредба на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција и се отворени предмети.

Малолетник синоќа околу 23;30 часот бил донесен починат во Општата болница во Охрид.

“Според насоки на Јавниот обвинител – преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата “Марко Цепенков” со уште неколку негови другари. Во еден момент тој паднал на улица а потоа бил пренесен во Општата болница Охрид каде лекар констатирал смрт” – соопштија од МВР.

Утрово пак четириесет и едно годишна Охриѓанка која како постанар живеела во стан во Скопје – откако два дена не доаѓала на работа – била пронајдена во бесознание во станот.

Жената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде кратко подоцна починала. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.