Предреферендумски ни судовите не се координираат се со цел што повеќе да има судски процеси за анимирање на јавноста

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 8:29

Два суда му закажаа рочишта на Груевски за утре во исто време

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Два различни суда, Кривичниот и Апелацискиот, за утре во исто време, во 9 часот и половина, го бараат поранешниот премиер Никола Груевски за два различни случаи.

Во Кривичниот суд во Скопје, Груевски треба да се појави за продолжението на доказната постапка за предметот „Насилтво во Општина Центар“, каде што се испитуваат сведоците предложени од СЈО.

Иако ова е првиот предмет со кој СЈО ги почна постапките против функционери од поранешната власт, случајот се влече веќе две години бидејќи судењето почна од почеток, а исто така и судијата Душан Јосифов закажува во просек по едно рочиште месечно.

Во Апелацискиот суд во Скопје, Груевски треба да присуствува на седницата по жалбата на пресудата на Кривичен за случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, за која што екс премиерот доби две години затвор за примање награда за противзаконско влијание. Судијка на Апелацискиот суд е Тања Милева.

Пресудата за Груевски за „Тенк“ е напишана на над 200 страници текст, а од одлуката на скопска Апелација директно ќе зависи дали ќе се спаси од затвор, особено поради можното застарување на кривичното дело во октомври оваа година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.