"Мирните" тетовски и гостиварски региони во кои нема крининал, по изјавата на министерот го покажаа своето вистинско лице, па скоро и да нема ден без полициска рација

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 12:42

Девет “танчерки” затекнати во угостителски објект во Желино, тетовско

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години, синоќа се приведени во Полициската станица Тетово.

Лицата потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка, а сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициска станица Тетово.

Девет женски лица се затекнати во акција на полицијата ноќеска од полноќ до о2:00 часот во угостителски објект во село Желино, тетовско сопственост на 46-годишен жител на ова село.

Како што соопшти МВР, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово при контролата, од деветте женски лица (пејачки и танчерки), три биле од Република Албанија и шест македонски државјанки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.