Откако ја удриле со камионот

Објавил: Калина Мартинска | 8 април, 2024 23:05

Дедото на Данка: Да ја однесеа во болница, немаше да ги обвинам

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Се уште трае потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бањско поле кај Бор, сите надлежни екипи на МУП пребаруваат локации во Борскиот регион за кои има некакви сомнежи, индиции или трага дека телото на девојчето може да се најде.

Дедото на девојчето, Милан Илиќ, за „Нова.рс“ вели дека сите изразуваат сочувство, но дека се уште не може да поверува.
На почетокот на разговорот, тој истакнува дека му е исклучително тешко да прифати се како реалност.

„Тешко ни е, денот кога слушнавме дека ги фатиле убијците и дека всушност се работи за убиство сите завршивме на интензивна нега. Не знам како, иако чудовиштата признаа, живеам во надеж. Сè додека телото не биде пронајдено, има некаква трошка надеж, искра, дека таа е жива. Детето не е игла, мора да се најде, дали некој дел од облеката, или нешто друго ако го направиле. Вака, дека ништо не можат да најдат, дека овие чудовишта ги возат од едно место на друго… Ужас“, вели дедото на Данка.

Тој вели дека многу се плаши од тоа што убијците и го направиле на Данка, откако и го одзеле животот кој штотуку започнал.

„Не ги познавам тие луѓе, никогаш не сум ги видел. Не ми е јасно дали е можно овие нелуѓе да го направиле тоа, па уште го опишувале. Нема такво нешто на земјата, јас не сум паметен. Барем да ја оставеле кога ја удриле, или што и да е, основно е кога ќе се случи такво нешто, несреќа, несреќа, да помогне. Ако не се во можност, повикајте помош, викајте. Никогаш немаше да ги обвинам ако ситуацијата беше таква да ја удрат и итно да ја однесат во болница, но вака… Не му посакувам зло на никого, па ни на нивните семејства, но овој горе си ја врши работата како што треба. Мислев дека сум најсилниот, дека можам да го носам семејството, но почнав да пукам“, вели Милан Илиќ.

Додава дека тие како семејство се надеваат дека ќе го најдат телото на Данка за да можат барем да ја погребаат.

„Да има каде да може да и се запали свеќа, да знаеме каде почива. Денот кога исчезна беше последен пат кога ја видов. Со сопругата отидовме да се грижиме за Данка и нејзиниот брат, додека Ивана отиде во општината да заврши нешто. Инаку, сопругата често ги чувала и се навикнале на неа. Некогаш кога ќе не видат децата трчаа прво кај баба, но тој ден Данка истрча да го гушне дедо. Јас всушност и велам на жена ми во тој момент: „Ај, ќе падне снег“. Неверојатно ми е“… Игравме, се шегувавме и кога ќе се сетам на сето тоа, само ми е се потешко и потешко. Не се чувствувам добро кога ќе ја видам нејзината слика на интернет и на телевизија, солзите сами доаѓаат и само се прашувам дали е можно…“, низ солзи раскажува тој.

Милан истакнува дека е благодарен на сите луѓе, на полицијата и на МВР што постојано прават напори да ги расветлат сите околности, но додава и дека му е тешко да шпекулира.

„Немам зборови да им се заблагодарам на сите луѓе што пребаруваат овде, полицајците даваат 1000 отсто од својата сила. Повеќе не гледам телевизија бидејќи не можам да ја поднесам количината на лаги и измислици. Ми пречи и тоа што одредени медиумски личности излегоа со теории на заговор против моите деца, неверојатно е колку тие страдаа. Исто така некои таканаречени детективи кои се појавуваат на телевизија и велат дека син ми должи, дека е коцкар, дека сум алкохоличар… Тој човек не не ни познава. Страшно е колку луѓето се подготвени да го искористат овој тежок случај“, заклучи соговорникот.

Прочитај повеќе и на следниот линк:

Лут зошто му ја уништиле марулата – татко на осомничен за убиството на Данка се жали од полицијата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.