И Пендаровски и Силјановска очекуваат дека ќе победат на престојните избори. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 мај, 2019 10:36

Денеска е последен ден од претседателската кампања- од полноќ изборен молк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е последен ден од кампањата за претседателските избори. Кандидатите за претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова, можат да ги искористат последните часови денеска до полноќ за да ги убедат граѓаните да гласаат за нив, во вториот круг на изборите закажан за 5ти мај.

И Пендаровски и Силјановска очекуваат дека ќе победат на престојните избори. 

Во недела се гласа за претседател на Република Македонија

Пендаровски, на неколку наврати изјави дека доколку граѓаните го поддржат на изборите тоа за нив ќе значи подобра перспектива и сигурен пат во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО.
Во недела имаме можност да донесеме историска одлука – да ја запечатиме европската иднина на нашата земја. Не смееме да седиме дома, со тоа ги казнуваме сите следни генерации. Нема веќе враќање назад, да се обединиме, сложно и решително да зачекориме, напиша Стево на Фејсбук.

Неговата противкандидатка Силјановска чиј главен адут е владеењето на правото очекува најпрво нашата држава да се реформира во секој поглед и на неколку пати изјави дека реформите треба да почнат од врвот.Таа на својата Фејсбук страна објави дека неможе една држава економски да расте ако нема владеење на правото.

Нема економски и политички развој без владеење на правото. Само со право и правда се оди напред. Преспанскиот договор не го решава конечно спорот за името затоа што го руши домашното и меѓународното право. Македонија заслужува право и правда. Мојата држава за мене беше и ќе остане Република Македонија!

Изборниот молк ќе почне на полноќ. За време на 24-часовниот молк ќе гласаат затврениците, болните и немоќни лица, внатрешно раселените и во дијаспората. В недела право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин запишани во Избирачкиот список.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.