понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2019 17:19

Утре се гласа за претседател на државата- изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шестите претседателски избори се закажани за утре, 5 ти мај, а ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски  новинари акредитирани од ДИК.

Утре се одржуваат шестите по ред претседателски избори во Македонија

Како што е најавено МОСТ че има најголем број набљудувачи, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ.

Како што е најавено свои набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, во Македонија,пренесува МИА.

Инаку ова се шестите по ред претседателски избори во Македонија на кои се избира петтиот претседател, а меѓудругото ова се први избори  избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој беше решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го доби името Северна Македонија.

За да има успешен избор на претседател на државата, во недела е потребно на гласачките места да излезат најмалку 40 отсто од запишаните во Единствениот избирачкиот список. Според податоците на Државната изборна комисија, во првиот круг од претседателските избори излезноста беше 41,8 отсто. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.