Излезноста во средините каде што живее мнозинство албанско население е многу слаба, а ситуацијата пак во македонските средини, е поинаква, тука граѓаните гласаат повеќе од очекуваното

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2019 15:09

Изненадувачки бројки: Излезноста во албанските средини е слаба а во македонските неочекувано висока

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изненадувачка бројка на излезеност, беше изнесена денеска од страна на ДИК од каде  информираа дека до 10 часот од запишаните 1.808.131 граѓанин во избирачкиот список на гласачките места излегле 6,31 отсто, односно вкупно 99.192 гласачи.

Граѓаните  денеска го избираат петтиот претседател на државата

Изненадувачки е податокот што излезноста во средините каде што живее мнозинство албанско население е многу слаба, во однос на излезеноста во првиот круг, а ситуацијата пак во македонските средини, е поинаква, тука граѓаните гласаат повеќе од очекуваното.

Од Државната изборна комисија информираа дека најголема излезеност до 10 часот е забележана во Крива Паланка, 14,91 отсто, во Демир Капија 13,24%, во Кратово 12,46 отсто и во Берово 11,06 отсто, а најмалку гласачи, излегле во Врапчиште, 1,16 отсто, во Дебар 1,29 отсто и во Боговоиње 1,31 отсто.

Според информациите од ДИК, до 10 часот во рамки на општина Тетово гласале 2,35 отсто или 1961 од вкупно 83.367  гласачи распределени на 117 избирачки места. Во првиот круг излезноста до истиот период односно три часа по отворањето беше 3,58 отсто, а во Желино и Боговиње се бележи најмала излезност на граѓаните,па така до 10 часот во Желино гласалеа 1,20 отсто додека во Боговиње 1,31 отсто  од граѓаните во избирачкиот список.

Општина Теарце бележи 1,57 отсто или 347 граѓани од 22.116  гласачи, во Општина Велес во вториот изборен круг до 10 часот  гласале  3.603 гласачи или  7,83 проценти.

До 10 часот на избирачките места во општина Гевгелија излегле да гласаат 1.867 граѓани што претставува излезеност од 9,7 отсто, а според ДИК, во општина Валандово до 10 часот гласачкото право го искористиле 698 граѓани или 7 отсто од гласачкото тело, а во Општина Богданци до 10 часот на гласање излегле 615 граѓани или 9 отсто и во општина Дојран излезеноста е 8,9 отсто,односно правото на глас го искористиле 266 евидентирани граѓани во гласачкиот список.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести