Ова е поголема бројка во однос на онаа од првиот круг, што е изненадувачки и неочекувано.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2019 16:13

Цензус ќе има, до 15 часот гласале 30.34 %

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија денеска го избира петтиот претседател. На вториот круг од гласањето ДИК, излезе со податоци за излезеност до 15 часот, од каде известија дека бројот на граѓани кои го искористиле своето право на глас е 527.068 или 30,34 од избирачите.

Ова е поголема бројка во однос на онаа од првиот круг, што е изненадувачки и неочекувано.

Денеска се гласа за претседател на Македонија

Како што објавија од ДИК, најголема е излезноста во градовите Македонски Брод, Крива Паланка, Демир Капија, Демир Хисар и Крушево, а со најмала излезност се Желино, Боговиње и Центар Жупа.

Инаку според избирачките списоци, право на глас имаат 1.808.131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места.

Според информациите на ДИК објавени на првата прес конференција, гласачките места секаде беа отворени навреме од 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот. Ако се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што се задоцнило.

На досегашните пет избори за претседател на републиката беа избрани четворица претседатели. Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два последователни мандата, а во вториот круг се избира петиот претседател на Република Македонија. Ќе победи еден од двајцата кандидати на листата, односно оној кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Доколку и на денешното гласање, односно во вториот круг од претседателските избори, ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број гласови, целата постапка ќе се повторува, а до тогаш в.д. претседател ќе биде спикерот Талат Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести