Убаво време се прогнозира за викендот

Објавил: Узунов Бобан | 15 март, 2019 7:03

Денеска сончево и топло, сообраќајот се одвива непречено

Фото/Текст извор: ©магазин

Временската прогноза за денеска е малку до умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец  

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
 Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот

Дневните температури ќе бидат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 10, Битола 12, Кавадарци 14, Крива Паланка 11, Берово 8, Дојран 14.

За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.