Најава за освежување на времето

Објавил: Узунов Бобан | 19 март, 2019 7:21

Денеска умерено облачно, попладне локален дожд

Фото/Текст извор: ©магазин

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај и се вршат проверки од безбедносен карактер и се апелира до сите возачи да не го користат автопатот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово и Охрид 18, Прилеп 19, Кавадарци и Крива Паланка 21, Берово 17, Дојран 22.

И утре претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 19, Маврово 12, Охрод 17, Прилеп 18, Кавадарци 19, Крива Паланка 18, Берово и Дојран 20 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.