Обвинувања за злоупотреба на полицијата за време на изборната кампања во Дебар

Објавил: Узунов Бобан | 23 април, 2019 13:06

Дерала: СДСМ испрати хермелини и специјалци во Дебар за да ја обезбеди победата на ДУИ !

Фото/Текст извор: ©магазин

Во колумна објавена на порталот плусинфо, познатиот граѓански активист и учесник во Шарената револуција Џабир Дерала пласира шокантни информации дека СДСМ и Зоран Заев на локалните избори во Дебар испратиле хермелини и специјалци за да ја обезбедат победата на ДУИ во Дебар. 

Дерала исто така пишува дека во изминатите четири месеци власта предводена од Зоран Заев предвидувала само разочарувања и нови скандали.  

На денот на гласањето во првиот круг на 21 април, на СДСМ како да му беше најважно да испрати хермелини и специјална полиција во речиси празниот Дебар за да ја обезбеди победата на градоначалничкиот кандидат на ДУИ.-пишува Дерала. Овие тврдења треба сериозно да се земат во предвид и да се даде одговор на јавноста во каква атмосфера гласале граѓаните во Дебар и дали била употребена полицијата за да се обезбеди победа на владејачката албанска партија.

Премиерот Заев, во новогодишното интервју што го направив, соочен со прашањата поврзани со ветувањата и очекувањата, кажа дека ќе очекува многу повеќе работа и одговорност од министрите и градоначалниците, но од тогаш поминаа речиси четири месеци, исполнети со скандали и нови разочарувања.

Тој потенцира дека главната порака на претседателските избори е дека луѓето се разочарани, не поради ЕУ и НАТО перспективите што, очигледно, ги поддржуваат во огромно мнозинство, туку поради неисполнетите ветувања. Во овој момент е неважно дали тоа (не) е ефикасен начин да се испрати порака до било која власт, туку дека тоа е пораката, а не е нешто друго.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.