Безбедносните сили немаат информации кој и зошто го започнал оружениот напад

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 10:15

Десет лица повредени при оружен напад во Манчестер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку десет лица се повредени синоќа при оружен напад во англискиот град Манчестер.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот во квартот Мос Сајд во 02:30 часот по полноќ по добиена информација за пукотници.

Настраданите кои биле веднаш хоспитализирани имаат различен степен на повреди.

Инцидентот се случил неколку часа по завршувањето на Карипскиот карневал кој се одржувал во квартот.

Други детали за случајот засега не се соопштуваат а истрагата е во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.