Возилото излетало во близина кај мостот кај Катланово

Објавил: Данаил Михајловски | 4 октомври, 2018 17:01

Детали за сообракајката во Скопско во која загинаа две лица

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Околу 12.00 часот било пријавено дека на локалниот пат Катланово-Бадар во близина на мостот на река Пчиња, имало возило кое излетало од патот со починати лица.

По пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало две починати лица.

Се работи за 39-годишниот З.Н. од Скопје и 22-годишниот С.П. од Скопје.

Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.