Најново метео

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2022 16:54

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ДОАЃА НОВО ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ТЕМПЕРАТУРИ ПОД ПРОСЕКОТ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Инаку како што најавивме утре и во четврток ќе има нешто повеќе облачност, а во текот на утрешната вечер, како и во четврток ќе има појава на повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, што значи ќе биде значително потопло преку ден за разлика од изминатите денови кога имавме многу студено време.

Веќе во петок, како и за време на викендот и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север и од североисток ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО, а ќе има услови и за слаби локални врнежи претежно од снег. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и особено за време на викендот минималните понекаде повторно ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

И во Скопскиот регион утре и во четврток ќе се задржи релативно топло време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, а времето ќе биде сончево со умерена облачност. Повремено ќе има повеќе облачност и тоа особено во четврток кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Веќе од петок па за време на викендот температурите повторно ќе бележат тенднеција на пад и ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно минималните ќе се спуштаат до околу -4 степени, а максималните дневни ќе се искачуваат до околу 8 степени.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...