Најмногу избирачи гласале во Крива Паланка, 14,91 отсто, во Демир Капија 13,24%, во Кратово 12,46 отсто и во берово 11,06 отсто.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 мај, 2019 11:08

ДИК: До 10 часот гласале 6,31 отсто од избирачите во Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На првата прес-конференција, ДИК информираше дека до 10 часот од запишаните 1.808.131 граѓанин во избирачкиот список на гласачките места излегле 6,31 отсто, односно вкупно 99.192 гласачи.

ДИК информираше дека до 10 часот најмногу избирачи гласале во Крива Паланка, 14,91 отсто, во Демир Капија 13,24%, во Кратово 12,46 отсто и во Берово 11,06 отсто.
А додека пак најмалку гласачи, излегле во Врапчиште, 1,16 отсто, во Дебар 1,29 отсто и во Боговоиње 1,31 отсто.
Љупка Гугучевска, портпаролката на ДИК соопшти дека гласањето засега се одвива мирно и непрекинато без никакви проблеми.

Во текот на вчерашниот ден во  Дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија и странство, се гласало на 39 гласачки места на кои од запишани 1.781 гласач со право на глас, гласале 828 лица.

Во казнено-поправните установи право на глас имале 1.640 гласачи, а од нив избирачкото право го исполниле 74,13 отсто. Гугучевска рече дека вчера се гласало и во два дома за стари лица и изнемоштени лица, во кои од запишани 71 гласач, а гласале 65 болни и немоќни лица, како и 12 лица што се наоѓаат во куќен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.