Сообраќајот е во прекин на обиколницата околу Белград.

Објавил: Весна Петровска | 28 јуни, 2019 21:15

Директен судар на камион и автомобил среде тунел – вознемирувачки сцени на местото на трагедијата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во тешка сообраќајна несреќа во тунелот Стражевиќ која се вечерва околу 19:45 загина возач на автомобил откако се удри директно во камион.

Во несреќата се повредени шест лица.

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во Белград

Брзата интервенција на припадниците на српската полиција и итната помош е избегната трагедија од големи размери.

Сообраќајот е во прекин на обиколницата околу Белград.

Граѓаните биле сведоци на брзата реакција на припадниците на полицијата и пожарникарите кои дале се од себе да помогнат на повредените, до пристигнувањето на Брзата помош.

– За само неколку минути полицијата и пожарникарите буквално се нацртаа на местото на несреќата. Трчаа и се обидуваа да го спасат човекот во автомобилот, и повредените, ова е сведоштвото од сведоците за српскиот Курир.

Во несреќата повредени се шест лица

– Беше неверојатно. Слушнавме силен удар. Никој од нас не смееше да се доближи до повредените, а храбтите полицајци им се доближија ги смируваа и се обидуваа безбедно да ги извлечат од возилото, до доаѓањето на Брзата помош, лекарите веднаш им укажаа помош. Во тунелот се најдоа многу луѓе, но морам да признаам дека никој од нас ниту смееше ниту можеше нешто да превземе. Сите беспомошно гледавме во повредените, вели за српски Курир еден од возачите кој се нашол на лице место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.