Деспотовски побара компаниите сами да пријават дали имаат функционер сопственик

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 јули, 2018 15:11

Директорот на Фондот за иновации со задоцнета реакција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По откривањето на аферата со доделување грантови од страна на Фондот за иновации за што Основното Јавно обвинителство веќе отвори предистражна постапка се огласи и директорот Јован Деспотовски.

Деспотовски како да не знае што се беше топ тема во медиумите изминатите денови па побара компаниите сами во рок од 15 дена да проверат дали како сопственици имаат функционери и тоа да го пријават во Фондот за иновации каде и можеле да се откажат од грантот.

Прес конференцијата на моменти беше трагикомична во обраќањето на Деспотовски кој на крајот само истакна дека ако сакале нешто да скријат немало да ги објават компаниите кои добиле грантови.

Паралелно со изјавата на Деспотовски во јавноста излезе уште едно име – Никола Мемов – чија компанија е исто така добитник на грант од Фондот за иновации. Мемов е член на СДСМ од самиот почеток од 90-тите а со Деспотовски се познаваат преку Социјалдемократска младина на Македонија. Мемов во последно време зема учество на разни партиски состаноци со што е активен во политичкиот живот но и е прилично близок со највисокото партиско раководство. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.