Ќерката тврди, дека од податоците на мобилниот телефон на мајка и, евидентно е дека таа со часови не успеала да добие ниту едно медицинско лице да и донесе боца кислород во собата, во последните моменти од животот, кога таа боца кислород била клучна за нејзиното преживување!

Објавил: Перо Милчин | 16 ноември, 2020 15:41

Почнаа истрагите за смртта на 41-годишна жена во штипската болница како последица на КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЦЗИ) во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Штип, за случајот со 41-годишната пациентка која на 14 ноември во утринските часови  почина по компликации од ковид-19 на Инфективното одделение, соопшти Министерството за здравство.

Ќерката тврди, дека од податоците на мобилниот телефон на мајка и, евидентно е дека таа со часови не успеала да добие ниту едно медицинско лице да и донесе боца кислород во собата, во последните моменти од животот, кога таа боца кислород била клучна за нејзиното преживување!

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип.

По завршениот надзор, јавноста ќе биде навремено информирана.“ – напиша министерот Филипче на социјалните мрежи.

Михаела: “Мајко, не можам да разберам ништо што кажуваш, дали си добро?” 
Пациентката: „Многу сум уморна, ќерко“
Михаела: “Добра мамо, не грижи се, само одмори, ќе сториме се што можеме, ќе биде добро”.
Пациентката: „Добро“.

На инфективното одделение во Штип, 55 пациенти се лекуваат со сериозна клиничка слика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...