Инаку вчера беа регистрирани 127 нови случаи на ковид-19, починати се 5 лица, а 60 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2020 10:48

Доктор Пејковска: Носењето на маска можеби станува оптеретување, но факт е дека штити!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Д-р. Спец. Сава Пејковска – Клиника за пулмологија и алергологија јавно упати апел до граѓаните да носат заштитна маска.Таа вели дека носењето мадка можеби според некиј е оптеретување, но сепак штити кога станува збор за Ковид 19, и посочува дека треба да бидеме по упорни.

„Можеби носењето на маска за некои луѓе со текот на времето станува оптеретување, но факт е дека маската навистина штити. Мораме да бидеме упорни во почитување на мерките со цел што побргу да се победи пандемијата. Апел до колегите да бидат истрајни, упорни, постојани и храбри, да ја задржат професионалноста која досега ја покажаа, да покажат медицинска солидарност, да си помагаат едни на други. Да разменуваат најнови искуства, бидејќи само така обединети може да излеземе победници во оваа битка.”

Инаку вчера беа регистрирани 127 нови случаи на ковид-19, починати се 5 лица, а 60 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести