Претседателот на ЕПП, Дол, со демант на веста на МИА, која пренесе дека лично тој му се заканил на Христијан Мицкоски дека ќе ја исклучи ВМРО - ДПМНЕ од организацијата

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 9:18

Дол ги демантира шпекулациите, ВМРО – ДПМНЕ нема да биде исклучена од ЕПП

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ЕПП (Европската народна партија) Џозеф Дол, ги демантираше гласините но и провладината МИА дека организацијата планира да ја исклучи ВМРО – ДПМНЕ од своите редови.

Никој не побарал ВМРО – ДПМНЕ да биде исклучена од демохристијанското европско семејство.

Претседателот на Европската Народна Партија (ЕПП), Џозеф Дол, ја демантира веста дека ВМРО – ДПМНЕ ќе биде исклучена од ЕПП.

Тој преку социјалната мрежа „Твитер“ појаснува кои се правилата за ваквата постапка.

„Во членот 9 од нашиот статут јасно стои дека 7 членки од 5 држави мора да испратат барање до претседателството на партијата за исклучување на партија. Ние секогаш ги почитуваме правилата. Нема добиено такво барање“. – пишува Џозеф Дол.

Ваквиот став на првиот човек на најголемата политичка сила во Европскиот парламент е практично демант на она што го објави МИА / Македонската информативна агенција.

Пред неколку дена, овој државен сервис објави текст во кој беше наведено дека челници од ЕПП му се заканиле на Христијан Мицкоски дека ќе ја исклучат ВМРО – ДПМНЕ од демохристијанското семејство, поради тоа што не го прифаќал Договорот од Преспа. 

Според МИА, претседателот на ЕПП, Џозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

За Дол МИА пренесе дека „крајно недипломатски и на строг начин” го предупредил Мицковски за последиците доколку ВМРО – ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот Договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.