Готвачот Ѓорги Бојчов сѐ уште се прилагодува на новата средина и работа. Во Штајнебах е од пред два месеца.

Објавил: Весна Петровска | 11 декември, 2019 22:22

ДОМА СИ Е ДОМА: Македонецот Ѓорѓи кој работи во Германија: Мојот Штип е ДУБАИ во споредба со ова местенце!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

„Мојот Штип е Дубаи во споредба со ова местенце“, вели 25-годишниот Ѓорги Бојчов, кој во Штајнебах, Германија, пристигна пред два месеца. Работи во фирма за хемиско чистење и сака што побрзо да се пресели во поголем град

Готвачот Ѓорги Бојчов сѐ уште се прилагодува на новата средина и работа. Во Штајнебах е од пред два месеца.

„Завршив факултет за гастрономија, а за да преживеам (во Македонија) работев сосема друга работа. Заминав со цел за подобар живот. Овде работам сосема друго за да се преживее.“

Работи во фирма за хемиско чистење, што за него е нешто сосема ново:

„За оваа машина ми беа потребни десетина денови за да го научам целиот систем како функционира. Сум работел на сите машини, веќе стекнав знаење и можам да им помогнам на колегите. Колегите се во најголем дел од Балканот, има доста Македонци, Хрвати, Срби. Зборуваме српски за да се разбереме сите заедно и заедно си помагаме.“

Навикнувањето на новите околности за работа и живот не му паѓа сосема лесно: „Во мало место се живее навистина тешко. Луѓе буквално како да нема. Сите работа-дома, работа-дома, буквално нема. За разлика од кај нас, каде што за викенд речиси сите се излезени надвор. Искрено, кога дојдов овде мислев дека онаму каде што јас живеам е Дубаи во споредба со ова.“

За млад човек е важно да има каде да излегува, ова е за семејни луѓе, додава Ѓорги.

Целата сторија проследете ја на „Дојче веле на македонски јазик“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.