Политичките предвидувања во најмоќната земја во светот навестуваат жестока политичка борба

Објавил: Узунов Бобан | 29 декември, 2018 19:17

Доналд Трамп ќе биде сменет во 2019 година

Фото/Текст извор: ©dw.com/magazin

Аналитичарот Алан Лихтман ги предизвика медиумите во САД прогнозирајќи во предизборната кампања во 2016 година дека Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори. Алан Лихтман сега предвидува дека Доналд Трамп ќе биде сменет во 2019 година.  

Ќе бидам принуден целосно да ја затворам јужната граница ако демократите не ни дадат средства за завршување на ѕидот, напиша Трамп на Твитер и ги повика конгресмените од Демократската партија да „ги сменат апсурдните закони за имиграција, кои се претворија во товар за земјата“-изјава на Доналд Трамп која покажува дека е разгорена борбата со Демократите.

    Веројатно е дека однесувањето на претседателот Трамп и неговите политики тешко дека ќе се променат во 2019 година година, и со Претставнички дом контролиран од Демократите и започнатата истрага за вмешаноста на Русија во претседателските избори ќе води до поднесување импичмент за Трамп.

  После 30 годишно точно предвидување на изборните резултати, Лихтман стана медиумски феномен кога ја предвиде победата на Трамп. Лихтман сега е убеден дека Трамп во 2019 година ќе биде ангажиран во борба да остане на власт-борба која може да ја изгуби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести