Во државата вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 462.211 граѓани, информира Министерството за здравство.

Објавил: Владо Марин | 27 јуни, 2021 12:13

Досега се аплицирани вкупно 510.351 дози вакцини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 295.780 граѓани. Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 8.791 граѓани, а првата доза вчера ја примиле 6.418 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 462.211 граѓани, информира Министерството за здравство.

Според податоците на Министерството, 51 процент од населението над 70 години имаат примено барем една доза, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза, додека 38 проценти од населението на возраст од над 60 години е вакцинирано барем со една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, соопшти Министерството за здравство.

Министерството апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат за вакцинација, како најлесен и најбрз пат да се вакцинираат против коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...