Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно“, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Објавил: Весна Петровска | 2 октомври, 2019 11:16

ДОЧЕК СО ВИСОКИ ВОЕНИ ПОЧЕСТИ ВО ВИЛА ВОДНО: Претседателот на Црна Гора во официјална посета на Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска и утре престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно“, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Според програмата, следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Црна Гора, а потоа и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.

Предвидена е и церемонија на полагање венец од страна на црногорскиот претседател на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев.

По претседателот на Црна Гора, утре во нашата земја ќе пристигне и Помпео.

Државниот секретар Мајк Помпео на средбата со македонскиот државен врв утре во Охрид уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и ЕУ, изјавија за МИА од американскиот Стејт департментот.

Оттаму изјавија дека САД се фокусирани на Западен Балкан како стратешки важен дел од идејата за обедината Европа. Затоа, државиот секретар Помпео ја комбинира повеќедневна официјална посета на регионот – после Ватикан, в петок тој ќе ги посети Подгорица и Охрид „за реафирмација на сојузништвото со 29-та и 30-та членка на НАТО, последни кои се приклучија на Алијансата“. Помпео потоа патува за Атина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.