Хорорт се случил вчера, два часа по полноќ, кога Славко дошол пред куќатана таткото на својата поранешна сорпуга.

Објавил: Весна Петровска | 7 мај, 2019 11:23

Дојде да ја убие жената, но на крајот го уби дедото: Пред децата крвнички го претепал до смрт

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Голема семејна трагедија се случи во Нови Сад, 30-годишен маж го усмрти таткото на неговата поранешна сопруга.

Српската полиција го уапсила 30-годишниот Славко Павшиќ поради сомнение дека со удари со раце и нозе го убил 61-годишниот Јосип Брањин, татко на својата поранешна сопруга во Нови Сад.

Хорорт се случил вчера, два часа по полноќ, кога Славко дошол пред куќатана таткото на својата поранешна сорпуга.

Ја повикал поранешната сопруга Анита да излезе да ја убие, пренесува Курир.рс Заканите ги слушнал и нејзиниот татко Јосип кој излегол, затоа што Анита била на работа. Се обидувал да му објасни на Славко колку е часот и дека е пијан, поради што треба да оди дома и да се наспие. Меѓутоа, Славко продолжл да вика и го разбудил детето кое го имал со Анита, како и нејзиното прво дете од првиот брак, раскажала Татјана, братучетката Анита.

Како што вели Татјана, Јосип не успеал да се одбрани од зетот, затоа што сите удари ги добил во глава. Во еден момент монструмот престанал да го тепа беспомошниот човек и побарал цигара од поранешната баба.

– Жената плачеше по сопругот и се обидуваше да му помогне, а тој од неа побара цигара. Во тој метеж Славко замина дома, но за жал само по цигара. Анита, која мајка ѝ ја повика и ѝ кажа што се случува, веднаш повика полиција и Итна помош, но и родителите на поранешниот сопруг. Неговите не сакаа да дојдат, но тој се врати. Иако Јосип не се поместуваше, повторно го удри со сета сила и кога сфати дека го убил, избега – вели Татјана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.