Веќе 10 дена Агенцијата за управување со одземен имот постапува по пресудата за конфискација на вкупниот имот на „Трансмет“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 јули, 2019 20:18

Државата на СЕАД КОЧАН му одзеде 204 возила и 23 имоти!

Фото/Текст извор: ©тв21

Возилата од бизнисменот вредат илјадници евра, а веќе подолг временски период собираат прашина на депото на Царинската управа во Идризово. Овие автомобили се запленети. Некои се со странски регистарски ознаки, други со македонски, пишува ТВ21.

Голем дел од овие возила наскоро ќе добијат сопственик, а тоа ќе биде некоја државна институција. Освен возила вкупно 26 институции ќе добијат 100 илјади парчиња текстил, обувки, канцелариски материјал, апарати за домаќинство.

Ова доделување е прво во 2019 година, а во 2018 година биле доделени над 30.000 парчиња.

„Одземената стока е доделена на 26 институции, по нивно барање, со цел да им помогнеме со предмети кои им се потребни на нивните институции. Пред сѐ би сакал да се заблагодарам и на Царинската управа, бидејќи без нив не би можеле да го направиме ова. Станува збор за текстил, облека, апарати за домаќинство, телевизори, апарати за работа кои ги доделивме на општините со нивно барање“, изјави Фатон Асани – директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Возилата од бизнисменот вредат илјадници евра, а веќе подолг временски период собираат прашина на депото на Царинската управа во Идризово. Овие автомобили се запленети. Некои се со странски регистарски ознаки, други со македонски.

Во ова депо нема возила на бизнисменот Сеад Кочан, односно компанијата „Трансмет“. За Кочан има правосилна пресуда за скандалот со тендерот во РЕК Битола, а затворската казна требаше да почне да ја издржува на 17 јули овој месец. Сепак, со оглед на тоа дека поднесол барање за одложување, барем уште неколку дена тој нема да замине во Идризово. Но, набрзо и неговиот имот ќе биде во сопственост на државата.

Веќе 10 дена Агенцијата за управување со одземен имот постапува по пресудата за конфискација на вкупниот имот на „Трансмет“. Првично, изготвени се решенија за префрлање на недвижнини од фирмата „Трансмет“ на име на Агенцијата. Од вкупно 26 недвижнини, само 3 се под залог во банка, а за останатите 23 се чисти и ќе бидат препишани на Агенцијата.

За Кочан има правосилна пресуда за скандалот со тендерот во РЕК Битола, а затворската казна требаше да почне да ја издржува на 17 јули овој месец. Сепак, со оглед на тоа дека поднесол барање за одложување, барем уште неколку дена тој нема да замине во Идризово.

„Го спомнав само недвижниот имот, станови, земјиште, деловен простор. Покрај овие работи што ги спомнав, има и 204 возила, кои ние сега ги доставивме до Централен регистар да се проверат, бидејќи имаме документ дека 24 возила кои се од повисока парична вредност се заложени во некои банки“, изјави Фатон Асани – директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

На дел од механизацијата на „Трансмет“ се надеваат ЕЛЕМ, но и РЕК Битола. Но, прво ќе се чека да заврши целата постапка за конфискација, па дури потоа ќе се решава дали имотот ќе се продава на аукција или ќе се донира. За возилата кои се заложби во банките, ќе треба да се разговара со извршителите.
Освен изрекување на затворска казна, во случајот „Труст“ судот наложи конфискација на недвижниот и движниот имот на „Трансмет“ во вредност од 17 милиони евра.

Барањето за замрзнување на имотот го достави специјалното јавно обвинителство. Сеад Кочан е осуден за учествување со лажна документација на тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен во РЕК „Битола“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести