Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980,00 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 февруари, 2022 19:03

Рашковски ослободен од притвор со гаранција од 192.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Советот на Апелацискиот суд Скопје, составен од судиите Тања Милева, претседател на советот, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, членови на советот, ја уважи жалбата на првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски и му ја укина мерката куќен притвор.

Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980,00 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот.

Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека обвинетиот по укинување на мерката притвор има обврска да се јавува секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, на овластено службено лице при Основен кривичен суд Скопје – Одделението за организиран криминал и корупција.

Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на обвинетиот Д. Р. од С., односно забрана за нејзино издавање, стои одлуката на Апелациониот суд Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести