„Затоа цениме дека нејзините постапки, нејзините писма нејзините би рекол нелегални дописи до јавното обвинителство и незаконско предавање на предмети до истото се во тесна корелација меѓу власта, обвинителството и г-ѓа Вилма Рускоска“, рече Милошоски.

Објавил: Весна Петровска | 12 септември, 2019 21:36

ДУИ И СДСМ ПРАВАТ СЕ ДА ЈА СПАСАТ ЈАНЕВА: Милошоски открива двајца пратеници од власта инволвирани во „Рекет“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошовски во емисијата „10 минути“,на „ТВ21“ вели дека сама желба на СДСМ и ДУИ да ја спасат Катица Јанева од разрешување покажува дека власта е во тесна координација со г-ѓа Јанева и со г-ѓа Рускоска.

„Затоа цениме дека нејзините постапки, нејзините писма нејзините би рекол нелегални дописи до јавното обвинителство и незаконско предавање на предмети до истото се во тесна корелација меѓу власта, обвинителството и г-ѓа Вилма Рускоска“, рече Милошоски.

Милошски открива дека најмалку двајца пратеници од власта се длабоко инволвирани во случајот „Рекет“. Исто и двајца судии. Нормално, не откри за кого станува збор, очекувајќи тоа да го открие истрагата.

„Најмалку двајца пратеници од владеачкото мнозинство се длабоко инволвирани во случајот „Рекет“. Најмалку двајца судии и нивни блиски роднини, адвокати се вмешани исто во овој случај. И уште еден број на повисоки функционери од локалната и централанта власт се дел од оваа голема корупциска афера и сега тоа ни дава еден логичен заклучок, зошто Заев е толку нервозен и секогаш кога на преговорите ќе споменевме дека новиот избран обвинител би требало да има увид или да го води слуајот „Рекет“ тој веднаш ја прекинуваше темата и ги одбиваше тие предлози“, рече Милошоски.

Антонио Милошовски гостин во ТВ21 каде зборуваше за СЈО и за случајот Рекет

Тој побара за сите да има судска разрешница, и смета дека бомбите и натаму треба да бидат користени.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите отпочнати судски случаи би требало да имаат судски исход и своја разрешница, а сите останати материјали, индиции, докази прибавни нешта кои што би биле преземени од една регуларна процедура од страна на државното обвинителство би можеле да бидат користени како идниции за отворање на нови истраги од овластен тужител. За тоа немаме никако проблем, дури и опредложивме на владеачката партија дека ние не би ни ицирале били каков законски текст или член кој тоа ќе го регулира во новиот закон за ЈО, туку би оставиле на одлуката која што си ја донесе државниот обвинител Јовески самиот, согласно неговата одлука и одредбите кои во неа ги наведе да ги води овие случаи без законот, власта или опозицијата се меша во неговите ингеренции“, смета Милошоски.

Исто така  во емисијата беше прашан зошто ДУИ се дистанцира од преговорите за Законот за ЈО но  тој вели дека тоа не е точно и изјави дека како партија најмногу ги зачудува  предлог-законот кој пристигнал од Владата,

Прашан зошто ДУИ се дистанцирани од преговорите за ЈО, тој вели дека тоа не е точно.

-Не е точно, најмногу што нам не зачудува е предлог-законот кој дојде од Владата, а ни беше објаснето дека е усогласен закон меѓу СДСМ и ДУИ во Собранието гледаме дека СДСМ и ДУИ имаат 30-тина амандмани на законскиот предлог текст кој дојде од Владата. Дали тоа е некоја тактика или политика која ДУИ ја води СДСМ или обратно или можеби нивна знаедничка стратегија нешто што не успеале претходно да го вметнат во законскиот текст за обвинителство, не знам , но затоа сметам дека и двете партии, СДСМ и ДУИ имаат се уште сериозно влијание и интерес за тоа каков облик ќе има предлог законот за обвинителство.“, одговори Милошоски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.