понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Антонио Милошоски кој воедно е член на работната група на опозициската партија денеска за Фокус изјави дека опозицијата нема ресурси да ја убеди власта во што поскоро време да се донесе Закон за обвинителство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2019 17:47

Милошоски: Само ЕУ може да ја убеди власта за Законот за обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот од опозициската Вмро Дпмне, Антонио Милошоски кој воедно е член на работната група на опозициската партија денеска за Фокус изјави дека опозицијата нема ресурси да ја убеди власта во што поскоро време да се донесе Закон за обвинителство. Тој потенцираше дека тоа сепак го може Европската Унија.

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој беше директно вклучен во преговорите со СДСМ за наоѓање на компромисно решение.

–Но, доколку ЕУ го поврзе донесувањето на овој закон со условите коишто на Македонија дополнително ќе и овозможат перспектива или подобар имиџ во ЕУ, тогаш може тоа ќе помогне владата да биде посериозна – рече Милошоски.

Претходно, министерката за правда Рената Треневска – Дескоска рече се уште нема никакви поместувања меѓу работните групи на власта, меѓутоа, додаде таа, постои неформална комуникација и темата за законот за обвинителство ќе биде отворена на средбите за измените на Изборниот законик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.