Корона вирусот е опасност по тешкото загрозување на јавното здравје во Македонија. Претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и некој од граѓаните ја обвинуваат власта за корона вирусот.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 13:18

Антонио Молошоски побара кривична одговорност и итно преземање на мерки за заштита од корона вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин

На вчерашната прес-конференција за медиуми, министерот за здравство – Венко Филипче побара да не се користи ситуацијата со корона вирусот за собирање на дневно-политички поени. Тој истакна и дека сега е период кога треба сложно и обединето да работиме на очувавување пред се на сопственото здравје, а потоа и здравјето на другите луѓе. Првиот лекар меѓу лекарите не ја криеше разочараноста од несовесното однесување на доктортката и директорката на Клиника за дерматологија која во ризик од заболување доведе многу други луѓе. Неколку пати истакна дека и покрај тоа што биле преземени сите мерки, неочекуваното несовесно однесување на докторката видно ги менува очекувањата на надлежните во подготовката за справување со смртоносниот вирус ковид 19. 

Властите најавуваат најостри казни за сите кои ќе го загрозат здравјето на луѓето. Според кривичниот законик преносителот на заразна болест може да се казни парично или до три години затвор, ако ги крши наредбите и препораките за спречување на ширење на заразните болести.

Иако министерот повика на смиреност и солидарност, многу граѓани го обвинија дека не презел доволно мерки за заштита на јавното здравје и дека за тоа треба да одговара и тој и другите негови соработници заради чие несовесно постапување се доведени многу животи под прашање. Граѓаните исто така апелираа затворање на градинките и училиштата бидејќи децата се најподложни на вирусот, поради брзината на негово ширење и недоволна свесност за култура на превенција и примена на мерките за заштита.

Меѓу оние кои апелираа да се затворат училиштата и градниките беше и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој покрај таа мерка предложи и времена забрана за влез на лица кои ќе допатуваат од Италија или од другите кризни зони во кои владее епидемија од корона вирусот. Милошоски предложи и приоретизација на прегледи кои се итни и оние кои не се итни со цел да се зачува здравјето на медицинскиот персонал кој во овие моменти е најпотребен да помага на заразените лица. 

Еве ја објавата на Милошоски: 

Коронавирусот е озбилна закана и ризик.

Д-р Цаца Билјановска, директорката на Кожно, треба да одговара според член 205, Кривични дела против здравјето на луѓето!

Сметам дека владата, со стручен тим на специјалисти, мора да превземе ефикасни мерки:
– Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст
– Времена забрана за влез на лица од Италија и др.кризни зони
– Ограничување на прегледите кои не се итни со цел да се растеретат дел од лекарите и болниците, како и да се заштитат пациентите и медицинските лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести