Тој најави кривична пријава и за бизнисменот Орце Камчев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2020 12:16

Дуковски: Боки ќе поднесе кривични против Камчев и актуелни функционери за измама и шпионажа!

Фото/Текст извор: ©тв 24

Сашо Дуковски, адвокатот на Бојан Јовановски-Боки 13, вчера во гостување на „ТВ 24“ најави кривична пријава за бизнисменот Орце Камчев. Имено Дуковски истакна дека првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13,  до Обвинителството ќе поднесе кривични пријави против актуелни функционери за повеќе кривични дела меѓу кои и злоупотреба на службената положба, измама и шпионажа.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби казна затвор од 9 години…
(ФОТО ЛОКАЛНО.МК)

Тој најави кривична пријава и за бизнисменот Орце Камчев.

„Поднесовме барање Бојан на 25 овој месец да биде однесен во Обвинителство за да поднесе кривични пријави за сето она што го знае. Средбата со обвинителот Јовевски ја бараме за да пријави криминал. За злоупотреба на службена положба, за измама, за шпионажа… За актуелни функционери. И против Орце Камчев“, рече Дуковски.

Дуковски во отвореното студио се осврна и на пресаудата на неговиот клиент и смета дека овој предмет е најслабо воден, со загрозување на правата на клиентите и биле криени докази.

„Обвинителката сметаше дека докази може да бидат дадени само за клиентот што го бранам. Продолжи со една работа што ме шокираше, тоа е цело време се вели врз основа на доказите и денеска судијата ја објави пресудата за предметот, а немаше докази. Гледате една торба со банкноти од 50 евра и гледате човек како излегува и ја мафта торбата. Јас предложив доказ. Согласно Ебанка укинати се банкнотите од 500 евра заради малиот волумен. Милион евра во банкоти од 50 евра тежат 22 килограми. Сега да ја пуштите снимката не се носат толку сретства, не видовме дали се носат воопшто, видовме само едни женски раце како ги бројат парите и како излегуваат.“ – изјави Дуковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.