Западните "добронамерници", дипломати и државници, сите до еден многу добро знаат што е успешен е што неуспешен референдум, ама Северна им е помила од здравиот разум

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 11:00

Дури и во Австрија мнозинство е 50 отсто плус 1, или за Западен Балкан има нова математика?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министрите на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц или не знаат проста математика или измислуваат нова кога важи само за Западен Балкан или Македонија?

Шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел смета дека и покрај неуспехот на референдумот за името на Македонија, пред се, заради слабиот одзив на гласачите, изјаснувањето во неделата покажа “јасен сигнал за поддршка” на решението за спорот околу името со Грција.

И австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел е уверен дека референдумот ќе води кон решение.

Блимел оцени дека станува збор за историска шанса за Македонија и целиот регион, како и за патот кон ЕУ.

Во изјава за австриските медиуми, Блимер истакна дека Австрија јасно го поддржа ова решение.

Иако одѕивот на граѓаните беше помал отколку што очекувала, Карин Кнајсел порача дека сега на институциите останува да го преземат следниот чекор што ќе води кон пристапните преговори со ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести