Душко Илиевски - Млекарот открива дека генералниот секретар на СДСМ Кирацоски зема провизија од производителите на тутун на црно

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 13:32

Душко Млекарот до Кирацоски: “Почна и да ги палиш своите за провизија?”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Душко Илиевски познат и како Млекарот, човекот кој го запозна СДСМ во Битола и битолско со Пелагонија, за што беше и обвинет и осуден, меѓу другото и за поседување на расади со марихуана, откако се скараа со генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски, не престанува да објавува афери.

По последната за вработувањето на неговата фризерка во МЕПСО, Душко Илиевски открива многу позначајна афера. 

Имено во Пелагонија со дозвола на градоначалничката на општина Могила Јасмина Гулевска, Кирацоски им дозволил на селаните да садат од во Македонија нелегалната сорта од тутунот Вирџинија за која во Македонија нема ни откупна цена ни откупен центар.

Душко Илиевски – Млекарот, кој беше суден и од ВМРО – ДПМНЕ и од СДСМ а кој моментално е на привремена работа во Германија.

Откако им дозволил, сега според Илиевски, Кирацоски им бара процент за да може да има било каков откуп или нелегален извоз.

Ова Илиевски го поврзува со опомени и до градоначалничката на Могила, која пред две недели имаше случаен пожар во шталата, случај за кој сеуште нема точни податоци, што бил предизвикателот, особено што тоа беа дождливи денови.

Воедно Илиевски потсетува на изјави на Кирацоски кои се однесуваат токму на овој, за него, очигледно доходовен бизнис.

Изјава за медиумите од 17 септември 2014 година со наслов “Во Могила на големо се произведува тутун на црно! Кој се е вмешан?”

Додека вие, чесните производители на тутун, се соочувате со една од најтешките реколти досега, на само 10-тина километри одовде, во околината на Могила, некој дебело заработува од одгледување тутун на црно, рече на денешната прес конференција Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Еве фотографии од земјиштата на кои што е посаден крупнолисниот тутун- Тип Вирџинија. Вие и знаете дека за овој тип тутун, Вирџинија, нема откупни претпријатија во земјава, а дека според Законот, тутун може да садат само земјоделци кои имаат склучено договор со откупно претпријатие. Не се работи за мали парцели. На десетици хектари земјоделско земјиште противзаконски се произведува крупнолисниот тутун – Тип Вирџинија! 

Според информации на искусни тутуно-производители, откупот на недозволениот крупнолисен тутун се врши за цена помеѓу 5 и 7 евра за килограм. Тоа е помеѓу 300 и 420 денари за килограм, од овој тутун! На црно! Колку е платена вашата чесна тутунарска мака? 110 денари. 180 денари најмногу, по килограм тутун. Споро, по низа ценкања со откупувачите и власта. Додека десетици илјади семејства живеат од легално производството на оваа мачна земјоделска култура, има други привилегирани поединци и семејства кои дебело заработуваат. 

Сега, надлежните институции, Државниот инспекторат за земјоделство и Министерството за внатрешни работи, треба да одговорат, дали со нивно знаење се произведува тутун на црно, за којшто нема легален откуп, што е спротивно на законот? Кој го врши откупот и транспортот на овој тип тутун? Каде завршуваат илјадници тони од тутунот Вирџинија и за што се користи? Кој и колку заработува од нелегалното производство на тутун во околината на Могила, избегнувајќи данок кон државата? Дали можеби лица блиски до владејачката партија се засегнати во овој случај? СДСМ ја повикува власта да им ги даде овие одговори на тутунарите и на граѓаните на Република Македонија- рече Кирацовски.

По 4 години Илиевски го поставува истото прашање? Кој се е вмешан?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести