Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник и политички дебати.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јуни, 2019 13:45

Еве зошто новинарот Мишко Иванов бил присрастен кон СДСМ-се повлече како уредник од ТВ 24!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новинарот и еден од уредниците во ТВ 24, Мишко Иванов, се повлече од уредничката позиција.

Новинарот Мишко Иванов кој е еден од уредниците во ТВ 24, пред малку на својот Фејсбук профил објави дека се повлекува од Вестите и политичките соочувања на ТВ 24.

Тој напиша дека оваа одлука ја донел веднаш по прифаќањето на политичката функција на неговата сопруга како член на Извршниот одбор на СДСМ. Во пораката се заблагодари на менаџментот и уредничкиот тим на ТВ 24 кои најдоа разбирање за неговата одлука. 

Мишко Иванов е инаку член на Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели и непријатели
Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања.

Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизијата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водат политички и економски дебати. Останувам во ТВ 24 и фокусот го насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до Успехот“, емисија наградувана, гледана и респектирана, што ми е посебна сатисфакција. Оваа одлука ја донесов веднаш по прифаќањето на политичката функција на мојата сопруга. Ја објавувам денес, чекајќи да видам до каде ќе отидат со плукањата моите колеги.

Благодарност од менаџментот и уредничкиот тим на ТВ 24 кои најдоа разбирање за оваа моја одлука. Новинар сум бил, новинар и ќе останам и никогаш нема да дозволам да се судрам со моралот и етиката.
П.С Иако, сите напади изминатиов период ги доживеав смирено. Сепак не очекував дека најжестоките ќе бидат од блиски пријатели. Ова е добра поука во животот за да дознаеш навистина кои ти се вистински пријатели. Ова се однесува и за колегите новинари со некои од нив долго време соработував и знаејќи ме како човек сепак се обидоа да удрат по мојот интегритет. Јас сум чист пред себе, дали сте Вие? Во моментот, досега можам единствено да се заблагодарам на коректноста на Канал 5 ТВ…

Поздрав и гледајте Патот до успехот на ТВ 24“, напиша  Мишко Иванов на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести