Европскиот парламент од друга страна ги отфрли сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот “македонски“ од извештајот за референдумот

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 13:22

Европскиот Парламент гласаше за екстрадиција на Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европратениците ги усвоија двата амандмани кои бараат од Унгарија да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презир кон судството и владеењето на правото во земјата.

Социјалдемократите поднесоа два амандмани за азилот на Груевски, и двата беа усвоени денеска. Со овие амандмани, Европскиот парламент става на знаење дека Никола Груевски добил “транспарентен судски процес“ потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е инволвиран во дополнителни пет кривични истраги.

Европскиот парламент ги отфрли сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот “македонски“ од извештајот, како и амандманот на грчка пратеничка која бараше во резолуцијата за Македонија да се вклучи ниската излезност на референдумот.

Усвоен е и амандманот на групата на Зелените за загрозувањето на животната средина преку одредени инфраструктурни проекти.

Европскиот парламент бара да се суспендираат проектите во Националниот парк Маврово додека не биде комплетирана “Стратешка проценка за животната средина“ во целосна согласност со европското законодавство за животна средина.

Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл беше усвоена со 470 гласови за и 116 против.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...