Влошена здравствената состојба на албанскиот премиер

Објавил: Узунов Бобан | 21 март, 2019 11:43

Еди Рама префрлен во болница во Берлин

Фото/Текст извор: ©магазин

Албанскиот премиер Еди Рама итно е префрлен во болница во Берлин поради проблеми со срцето, објавија албанските и косовските медиуми.

Еди Рама (4 јули 1964 во Тирана) — албански политичар, уметник и писател, кој од 2013 е премиер на Република Албанија.Тој е син вајарот Кристак Рама и Анета Рама  Рама е лидер на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Тој бил министер за култура и спорт во владата на премиерот Фатос Нано (1998–2000), а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011). На парламентарните избори во 2013, неговата партија остварила победа врз Демократска партија на Албанија на премиерот Сали Бериша. Рама е добитник на наградата за светски граддоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005.

По прединфарктот што Еди Рама го преживеа во Тирана, за што и беше хоспитализиран, подоцна отпатува за Берлин со чартер лет. Дека здравствената состојба на Рама не е добра се забележа и во Берат кога тој не можеше да ги среди речениците – пренесуваат дел од албанските портали.  

Според истиот извор, неговата состојба се влошила, а неколку часа подоцна тој бил итно хоспитализиран во Тирана, бидејќи имал прединфарктна состојба.

–Од понеделникот тој е хоспитализиран во Берлин. Причина за неговиот престој во Германија е неговата здравстена состојба, а не од друг причини – наведува порталот.
Веста ја пренесуваат и други албански и косовски медуми, но официјална потврда засега нема.

Еди Рама во изминатиов период се соочува со илјадници демонстранти, приврзаници на албанската опозиција кои на неколку наврати имаа и насилни протести барајќи оставка од владата за која тврдат дека е корумпирана и поврзана со организираниот криминал. 

Владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама има 74 од вкупно 140 места во албанскиот парламент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.