Албанија е пред економски колапс, само во септември затворени се 1.978 фирми, збирно минатата година за 9 месеци затворени се 6.969 а оваа за истиот период 11.292 фирми

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 8:48

Економијата во Албанија пропаѓа по вина на Рама

Фото/Текст извор: ©миа.мк/магазин.мк

Албанската опозиција повторно ја обвини Владата на премиерот Еди Рама за тешката состојба низ која минува бизнисот.

Претседателот на најголемата опозициска демократска партија Љуљзим Баша, оценува дека се се случува поради тоа што “Рама се грижи единствено за криминалот и олигарсите”.

Со Еди Рама на чело на Владата, криминалот и олигарсите се збогатуваат а бизнисот пропаѓа. – вели Баша во видео порака на социјалните мрежи.

Според бројките кои ги наведува, само во месец септември на 1.978 бизниси е ставен клуч на врата,што е двапати повеќе споредено со истиот месец лани, кога биле затворени 838 бизниси.

Со влада на чие чело е Еди Рама,секоја година е се полошо за поголемиот број бизниси. Бројките говорат дека фирмите кои банкротирале, во деветте месеци од оваа календарска година  е двојно поголем, споредено со истиот период лани. – тврди Баша.

Посочува дека во периодот јануари-септември 2017 година биле затворени 6.969 додека во истиот период оваа година 11.292 фирми.

Тој на крај упатува апел дека “колку подолго Рама е на власт, толку повеќе бизниси ќе пропаѓаат”.

И претходно опозицијата обвини дека „поради високите даноци,кои постојано се зголемуваат“ секојдневно по педесеттина фирми се затвораат.

Претприемачите се жалат на притисокот од владата а нивните бизниси се во криза поради високите даноци,намалената потрошувачка,намалената куповна моќ,што потврдува дека секојденвно економијата изумира. – обвини опозицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.