Хилари се најде на листата на гостите, затоа што во Приштина тврдат дека во време додека таа беше државна секретарка на САД придонесла голем успех за независноста на Косово.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 април, 2019 22:27

ЕКСКЛУЗИВНО: Хилари Клинтон и Медлин Олбрајт доаѓаат во Косово да слават со Албанците!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ривалката на актуелниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп на изборите за претседател на Америка 2016 година, Хилари Клинтон, се наоѓа меѓу главните гости на церемонијата која на 12 јуни косовската власт ќе обележи годишнина, на влезот на НАТО силите во Косово.

Освен првата дама на САД од периодот на бомбардирање на СФРЈ, на листата на гостите во Приштина се очекува да пристигне и Медлин Олбрајт, американската државна секретарка за време на мандатот на Бил Клинтон. 

Како што пренесуваат косовските медиуми, домаќините на странски гости ќе бидат трите бивши претседатели на привремените институции во Приштина, Фатмир Сејдиу, Беджет Пацоли, Атифете Јахјага и Хашим Тачи.

За време на претседателската кампања во 1992 година кога Клинтон прв пат се кандидираше за претседател на САД таа стана влијателен симбол на промената на улогите и статусот на жената во американското општество. На правниот факултет на универзитетот во Јеил го среќава идниот сопруг Бил Клинтон и својата долгогодишна менторка Маријан Врајт Еделман, која што го основаше детскиот одбрамбен фонд – организација која лобира во корист на децата. Во таа организација Хилари работи како адвокат откако го завршува правото во 1973 година а подоцна преседува и во управниот одбор на таа организација.

Хилари се најде на листата на гостите, затоа што во Приштина тврдат дека во време додека таа беше државна секретарка на САД од 2009 година до 2013 година, придонесла голем успех за независноста и државноста на Косово на меѓународната сцена.

Таа беше во посета на Косово во 2010 година.

Не се знае уште дали и меѓу гостите ќе биде некој од актуелната Трампова државна администрација.
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, денеска ќе отпатува за Америка, но во САД нема да се сретне со американските државници, туку со претставниците на албанската католичка заедница.

Харадинај поради воведувањето на таксите на производите на Србија, од крајот на претходната година беше под санкции од САД, така што му беше оневозможено да добие виза и на тој начин тој не можеше да присуствува на традиционалниот молитвен поручек во Вашингтон.

Хилари Дијана Родхем Клинтон е 67. по ред државен секретар на САД, како дел од тимот на претседателот Барак Обама. Во периодот од 1993 – 2001.

Хилари Клинтон била прва дама на САД, како сопруга на тогашниот претседател Бил Клинтон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести