Според Европската Комисија витална пречка во ЕУ интеграциите на земјите од Западен Балкан се и нерешените случаи на напади врз новинари, кои се случувале но и случуваат

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 9:52

ЕК: Решете ги случаите на напади врз новинари

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ова беше посочено на конференција организирана од Европската Комисија посветена на состојбата со медиумите во земјите од Западен Балкан а која присуствува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Хан секако и оваа средба да искористи да упати порака за референдумот – граѓаните да гласаат бидејќи изјаснувањето е од клучно значење.

Секој глас е важен и е од одлучувачко значење. Ова го порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за време на конференцијата во организација на ЕК посветена на слободата на медиумите. Хан ги повика граѓаните да гласаат бидејќи како што рече, референдумот е од клучно значење за земјава.

Секој глас е важен и е од одлучувачко значење.  Македонските граѓани да гласаат бидејќи, референдумот е од круцијално значење,изјави Јоханес Хан – Еврокомесар за проширување на ЕУ.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлен Дезир зборувајќи за слободата на медиумите вели дека постои напредок кај западнобалканските земји, но сепак загрижуваат нерасчистените случаи на напади врз новинари.

Премиерот Зоран Заев истакна дека е во постојана комуникација со МВР од каде очекува Секторот за внатрешна котрола иако со задоцнување да прибере докази и да ги расчисти сите случаи на нападнати новинари.

Хан порача и дека секое несанкционирање на нападнатии новинари е на штета на репутацијата на секоја земја а особено негативно ќе се одрази на нејзиниот пак кон Европската Унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести