Освен тротинетите, на дното на морето биле пронајдени и два мотори, велосипеди и куфери.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јануари, 2020 11:23

Електрични тротинети, куфери, мотори, велосипеди извлечени од морето во Солун

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со помош на специјални нуркачи, вчера во Солун продолжи втората фаза за чистење на морето во делот околу шеталиштето и беа извлечени 21 електричен тротинет кои ги фрлиле несовесни граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Грција, градот Солун претставува еден од најголемото седиште на индустријата, трговијта, културата и туризмот. Населението во градското подрачје изнесува 363.987 жители (попис 2001), а со околината 786.212.Градот Солун е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Освен тротинетите, на дното на морето биле пронајдени и два мотори, велосипеди и куфери.

Станува збор за електрични тротинети за изнајмување кои на граѓаните и туристите во Солун и Атина им стојат на располагање за нивните прошетки.

Ова е вториот дел од акцијата на општина Солун за чистењето на морето, а во првата фаза, од копно беа извлечени околу 50 електрични тротинети.

Заменикот градоначалник на Солун надлежен за животна средина, Сократис Димитриадис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека најважно е да се пронајдат и да се уапсат оние што ја предизвикуваат мини еколошката катастрофа во морето, бидејќи хемикалиите што ги испуштаат батериите од електричните тротинети, се најлошиот отпад.

Архитектурното лице на Солун секогаш било сфаќано како голем предизвик на архитектите. Освен за неговото трговско значење, Солун низ вековите бил град каде се одржувале многу битки, град кој бил под власта на многу народи, град низ кој поминувале културните обичаи и ритуали на многу европски народи. Главниот стар град во Солун во кој биле опфатени архитектурни дела од времето на Римското царство, Византија и Отоманската империја се променил главно во 1870 година кога крајбрежието било срушено и повеќето од древните ѕидови во градот биле исто така срушено вклучувајќи ја и онаа на Белата кула. Во последните 47 години, Солун го опседнал со голем економски раст, населението на градот се зголемило за 70% достигајќи 135.000 во 1917 година. Планот за новиот Солун бил направен од страна на Ернест Хебрард, француски архитект, кој заедно со неговата екипа се трудел планот на градот да го направи во духот на Византија. Исто така, најмногу се оддало внимание на важните византиски цркви и отоманските џамии, додека рушевините во горниот дел на градот биле објавени за културно наследство. Овој план исто така го вклучил и местото на идниот универзитет во Солун кој постоел некогаш на истото место. Така, властите во градот ги обновиле делови од најраните византиски ѕидини и објекти, кое доведело до расширување на туризмот и во поглед на архитектурните особености на градот. Сите тие нови атракции главно се расположени и се наоѓаат на крајбрежјето. Но, со промена на идеологијата за проектирање во Западна Европа, дошло до потреба големите згради и објекти кои се наоѓаат во централното подрачје на градот да бидат конструирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.