Вака зборуваше СДСМ кога беше опозиција: Условена препорака затоа што ЕУ не верува во Владата

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 15:50

ЕУ не и верува на македонската влада

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Препораката од ЕУ за почеток на преговорите на Македонија, за жал, е условена поради тоа што ни Брисел повеќе не му верува на Никола Груевски, изјавија од СДСМ во ноември 2015-та година по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. За разлика од тогаш, СДСМ сега во условената препорака гледа „мотивирачка одлука за Македонија“.

-Заедно со граѓаните, успеавме да ги задржиме евро-интеграциските процеси на Македонија, сериозно доведени во прашање од политиките на актуелната власт. Има корупциски скандали и мешање на политиката во институциите во Македонија. Договорот од Пржино е најдобар начин да се стави крај на политичката криза. Примената на Договорот ќе се разгледа по изборите, кога ќе следува нов извештај од ЕУ за Македонија. Ова е директно изговорено од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, предмалку во Брисел, се велеше во реакцијата на СДСМ во ноември 2015-та година.

Има корупциски скандали и мешање на политиката во институциите во Македонија. Договорот од Пржино е најдобар начин да се стави крај на политичката криза. Примената на Договорот ќе се разгледа по изборите, кога ќе следува нов извештај од ЕУ за Македонија. Ова е директно изговорено од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, предмалку во Брисел, се велеше во реакцијата на СДСМ во ноември 2015-та година.

Помалку од три години подоцна, СДСМ сега добива иста таква условена препорака и покрај сите отстапки кои беа на штета на националните интереси. Брисел вчера одлучи да размисли до јуни 2019 дали ќе одреди датум за започнување на преговорите, што претставува дипломатско фијаско на владата на Заев.

Во условената препорака се вели дека добивањето датум за преговори за влез во ЕУ во 2019-та е условено од решавањето на проблемот со името, воведување нови реформи, добивање позитивен извештај од ЕК. Најпосле, Советот на ЕУ ќе одлучи да определи датум за преговори. Вакви условени препораки Македонија добива веќе од 2010-та година.

Сепак, она што за Заев и СДСМ пред три години претставуваше условена препорака затоа што ЕУ не верува на Владата, сега истата таа условена препорака е „огромно задоволство“.

– Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот на својот говор на 98. РОС-РОТ семинар во Собранието.

Тој им се заблагодари на сите земји членки на Европската унија за оваа, како што рече, мотивирачка одлука за Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.