Лидерите се очекува да разговараат за внатрешната и надворешната димензија на миграциската политика

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2018 14:15

ЕУ: Прифатни центри најверојатно во Африка и на Балканот

Фото/Текст извор: ©миа

Лидерите на Европската унија на самитот во Брисел в четврток ќе се фокусираат на миграцијата, безбедноста и одбраната, како и на економските и финансиските прашања.

Како што објавија на интернет страницата на Европскиот совет, лидерите се очекува да разговараат за внатрешната и надворешната димензија на миграциската политика, вклучувајќи ја и реформата на Заедничкиот европски систем за азил (ЦЕАС). Изнаоѓањето европско решение за мигрантите е од клучно значење за политичкиот опстанок на германската канцеларката Ангела Меркел, јавуваат западните медиуми.

ЦЕАС поставува заеднички минимални стандарди за третман на баратели на азил, а реформата има за цел да се направи систем поефикасен и отпорен на миграциски притисок, елиминирање на факторите кои се предизвикувачи, како и да се бори против злоупотребата и обезбедување соодветна поддршка на најпогодените земји-членки.

Претходно, на самитот во неделата, идејата за проверка на барателите на азил во Европа – во Северна Африка и на Балканот – беше поддржана од неколку лидери на Европската унија.

Поддршката дојде по тензиите околу тоа како најдобро да се справат со новите пристигнувања кои се закана за поткопување на единственоста на Унијата.

-Поттикнати од договорот со Турција, кој го намали приливот на мигранти од 97 отсто во однос на 2015 година, 28-те земји-членки на ЕУ се подготвени да дадат зелено светло за плановите за изградба на центри за проверки во Алжир, Египет, Либија, Мароко, Нигерија и Тунис, нагласуваат западни медиуми додавајќи дека се разгледуваат планови за формирање центри за прифаќање мигранти во Албанија.

Шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини вчера ги повика земјите-членки да издвојат повеќе пари за фонд за Африка, со оглед на тоа дека Унијата работи за воспоставување центри за миграција надвор од Европа.

На самитот во неделата, францускиот претседател Емануел Mакрон рече дека „методите што ќе се усвојат“ ќе вклучуваат заедничка работа на транзит држави и држави на потекло вон ЕУ. Тој ја спомена Либија, главно место за тргнување кон Европа, и други африкански држави и Балканот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...